сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Западот ги затвора очите пред терористичките напади на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Русија го припои црноморскиот полуостров Крим во 2014 година. Москва кажа дека Украина користела поморски дронови во нападот на мостот кој ја поврзува Русија со Крим. Киев, кој според извештаите на украинските медиуми стои зад нападот, иако официјално не ја презема одговорноста, го смета Крим за украински и намерава да го врати со сила.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера им кажа на новинарите дека ова не е првпат Москва да забележи изостанок на осуда на тероризмот од Западот кога станува збор за Украина.

„Целиот Запад е спремен да затвори очи пред терористичките напади кои киевскиот режим ги организира во нашата земја“, кажа Песков. „Не им е непријатно да премолчат такво нешто бидејќи за нив тоа не е вест. Така беше порано, така ќе биде и понатаму. Ние тоа совршено добро го разбираме“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ