сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Со најстрогите санкции во модерната историја Западот предизвика светска прехранбена криза

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Владимир Путин, соопшти Кремљ, се согласува со оценката на Обединетите нации дека светот се соочува со криза со храна, која може да предизвика глад.

„Русија отсекогаш била прилично сигурен извозник на жито“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ние не сме изворот на проблемот.“

Тие додаваат дека руските војници ќе мора да бидат предупредени за „терористички напади“ откако во неделата во експлозија беше повреден градоначалникот на окупираниот град Енерходар во јужна Украина, кого го назначи Русија.

„Нашите војници мора да бидат будни и да преземат мерки за да спречат вакви терористички напади“, изјави за новинарите Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ