сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се капеше во ледена вода, по повод одбележувањето на православниот празник Богојавление (Водици), изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Да, тоа го направи за да го одбележи Богојавление според традицијата“, одговори Песков на прашањето дали претседателот се капел на еден од 15-те најголеми христијански празници, пренесува Тасс.

Во 2018 година, Кремљ за првпат објави дека Путин учествувал во капењето на празникот Богојавление.

Според Песков, рускиот претседател и претходно ја почитувал оваа традиција.

Путин минатата година на Богојавление се капеше во ледена вода во Подмосковље.

Православните христијани го слават Богојавление на 19 јануари, во Русија тој празник традиционално е проследен со масовно капење во ледена вода во специјално исечени дупки во мразот.

Православните верници денеска го слават Богојавление (Водици), како спомен на настанот кога Свети Јован го крстил Исус Христос во Јордан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ