понеделник, 16 декември 2024

Кремљ: Нуклеарното распоредување во Белорусија е одговор на проширувањето на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за новинарите дека НАТО е тоа кое се шири кон Русија, а не обратно, и затоа Москва мора да преземе чекори за одбрана на сопствената безбедност.

Финска стана 31-ва членка на НАТО во вторникот, со што е завршена историската промена во безбедносната политика предизвикана од руската инвазија на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави пристапот на Финска во Алијансата и ги повика Турција и Унгарија да го завршат процесот на ратификација за да може Шведска да се приклучи на воената алијанса „без одлагање“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во вторникот изјави дека пристапот на Финска во НАТО и потегот на Алијансата да ја зајакне сопствената борбена готовност го зголемуваат ризикот од конфликт.

Истиот ден, Кремљ објави дека ќе биде принуден да преземе „контрамерки“ за да ја обезбеди безбедноста на Русија како одговор на пристапувањето на Финска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ