сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Неприфатливи се забелешките на Бајден кој Путин го споредува со Хамас

Кремљ денес соопшти дека се неприфатливи забелешките на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден кој го спореди рускиот претседател Владимир Путин со палестинската милитантна група Хамас, пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека сегашното време е потенцијално опасен момент на меѓународен план и дека заканата за руските граѓани експоненцијално ќе расте кога Израел ќе ја почне својата најавена копнена операција во обид да го исфрли Хамас од Газа.

Песков одби да каже кој ќе ја претставува Русија на мировниот самит за израелско-палестинскиот конфликт во Каиро утре, упатувајќи го тоа прашање до руското министерство за надворешни работи.

Бајден во телевизиско обраќање до нацијата ја осуди палестинската екстремистичка организација Хамас и рускиот претседател Владимир Путин, кажувајќи дека има заеднички мотив зад нападот на Израел и инвазијата на Украина.

„Хамас и Путин претставуваат различни закани, но имаат едно заедничко нешто – сакаат целосно да ја уништат демократијата во соседството“, кажа американскиот претседател од Овалната канцеларија во Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ