сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Нема алтернатива на руското посредување за Нагорно Карабах

Објавено на

часот

Сподели

„Во оваа фаза не постои друга правна рамка која би придонела кон решавање (на конфликтот). Нема алтернатива за постигнатиот договор“, кажа Песков мислејќи на прекинот на огнот потпишан во 2020 меѓу Ерменија и Азербејџан со посредување на Русија.

Песков оцени дека секоја помош во решавање на конфликтот е добредојдена, но додаде дека е внимателен кон „обидите кои ја замаглуваат основата за мирно решение“.

Ерменија и Азербејџан се судрија во 2020 година околу контролата на областа Нагорно Карабах. Конфликтот беше прекинат со мировен договор со кој беше призната победата на азербејџанските сили. Договорот беше постигнат со помош на Русија.

Од тогаш руски војници се стационирани во Нагорно Карабах, но Ерменија веќе неколку месеци се жали на нивната неефикасност. Руската изолација од страна на Западот, поради конфликтот во Украина, исто така го ограничува маневарскиот простор на Москва.

Тензиите меѓу Ерменија и Азербејџан пораснаа на 23 април кога Баку го постави првиот контролен пункт на влезот во коридорот Лачин, единствениот пат кој ја поврзува Ерменија со Нагорно Карабах.

Баку својата одлука ја правдаше со безбедносни причини, додека Ереван тоа го оцени како кршење на примирјето од 2020 година.

Во тој контекст Вашингтон, кој со Москва и Париз копретседава со таканаречената Група Минск за тој конфликт, се обидува повторно да придвижи мировни преговори.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е домаќин на состанокот кој трае до четврток, на кој учествуваат шефовите на дипломатиите на Ерменија и Азербејџан, Арарат Мирзојан и Џејхун Бајрамов.

Таков состанок беше одржан во ноември и потоа во февруари, на маргините на Минхенската безбедносна конференција во Германија. Тие разговори не овозможија во оваа фаза да се дојде до договор.

Нагорно Карабах, регион во кој главно живеат Ерменци, се отцепи од Азербејџан во 90-тите години, со конфликт кој однесе 30.000 животи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ