сабота, 19 октомври 2024

Кремљ: Нашата цел е да спречиме влегување на Украина во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера кажа дека Русија гледа закана во потенцијалното членство на Украина во НАТО, што би била „сериозна, голема опасност за земјата, за безбедноста“. Песков ова го кажа додека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг беше во посета на украинската престолнина, прва од почетокот на конфликтот.

Портпаролот на Кремљ ги коментираше и неодамнешните тврдења на Киев дека рускиот претседател Владимир Путин користи двојник на патувањата, како тоа во Херсон и Луганск, кажувајќи дека тоа се „прилично чудни тврдења“. И самиот Путин еднаш кажа дека од безбедносни причини му советувале да користи двојник, но додаде дека „се воздржал од тоа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ