сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Нападот кај Белгород е причина за продолжување на операцијата против Украина

Објавено на

часот

Сподели

Затоа е потребна руска акција, продолжи Песков. „Тие напори ќе продолжат, како и специјалната воена операција за спречување на такви упади во иднина“, додаде портпаролот.

Во понеделникот група војници кои се претставија како руска опозиција го нападнаа округот Грајварон во регионот Белгород, веднаш до границата со Украина. Москва тврди дека се работи за Украинци, што Киев го отфрла. Русија тврди и дека нападот е готов и дека го елиминирала непријателот, а другата страна тврди дека сѐ уште трае.

Локалните власти информираат дека загинале најмалку осум цивили, а девет села се евакуирани, пренесува ДПА.

Нападот создаде „голема загриженост“, рече Песков, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин сепак нема да свика специјална седница на Советот за национална безбедност поради тоа. Портпаролот на Кремљ не соопшти детали за бројот на напаѓачите, велејќи дека тоа ќе биде прашање на безбедносните агенции во наредниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ