петок, 18 октомври 2024

Кремљ: ЕУ ги троши парите на граѓаните за Украина

Кремљ вчера соопшти дека новата помош на Европската Унија за Украина нема да влијае на исходот на конфликтот и дека таквиот вид трошење само ѝ штети на европската економија. Фајненшал тајмс објави во вторникот дека ЕУ подготвува резервен план за помош на Киев во вредност од 20 милијарди евра.

Објавено на

часот

Сподели

Весникот пишува дека функционерите на ЕУ, откако претходно овој месец не беше постигнат договор за предложениот четиригодишен пакет од 50 милијарди евра за Украина, побарале алтернативи за да го спасат Киев од претстојната буџетска криза.

Функционери вклучени во разговорите тврдат дека еден модел на финансирање е преку задолжување и ја добил поддршката како најпрактичен начин на пружање поддршка доколку унгарскиот лидер Виктор Орбан одбие да го повлече своето вето на планираниот самит на 1 февруари.

Програмата би подразбирала членките да издадат гаранции за буџетот на ЕУ, овозможувајќи ѝ на Европската комисија на пазарите на капитал да се задолжи до 20 милијарди евра за Киев следната година, кажале изворите на британскиот весник.

Овој аранжман е сличен на структурата користена во 2020, кога Европската комисија обезбеди 100 милијарди евра евтино финансирање за земјите од ЕУ за програми за поддршка на работата за време на пандемијата на ковид.

Важно е што оваа опција не би барала гаранции од сите 27 членки на ЕУ, сè додека главните учесници вклучуваат земји со висок кредитен рејтинг. Тоа би ѝ овозможило на ЕУ да го заобиколи унгарското вето бидејќи не би била потребна едногласна одлука, наведува ФТ.

На одделни членки, вклучувајќи ги Германија и Холандија, ќе им биде потребно одобрување од парламентот за издавање национални гаранции, што е процес за кој функционерите се надеваат дека може да биде завршен за да ѝ се пружи помош на Украина до март. Извор за ФТ кажал дека „нема технички проблеми“ кои би спречиле пружање буџетска помош на Киев, но дека тоа е „политички комплицирано“.

На прашањето за пишувањето на ФТ, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа, беа наведување конкретни примери, дека даночните обврзници во ЕУ почнуваат да сфаќаат дека нивните пари ги трошат властите во Украина.

„И Европејците и Американците се сосема свесни за нивото на корупција во Украина и јасно им е дека голем дел од тие пари се украдени“, кажа Песков на конференција за медиумите.

„Овие пари нема да можат да го сменат текот на нештата. Тие пари се одвојуваат на штета на економиите на ЕУ кои веќе имаат тешкотии“, кажа Песков.

Киев тврди дека вложува максимални напори за сузбивање на корупцијата.

Властите во Киев се надеваат на брзо вбризгување на 18,5 милијарди евра и повеќе од 8 милијарди долари за да покријат дел од буџетскиот дефицит од 43 милијарди следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ