сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Документите на Пентагон кои протекоа се прилично интересни

Објавено на

часот

Сподели

„Сите тие се проучуваат, се анализираат, и за нив поприлично се расправа“, кажа Песков, а пренесува РИА Новости.

Тој одговори и на тврдењата за вмешаност на Русија во протекувањето на информациите.

„Сите знаеме дека постои таква тенденција секогаш за сè, секогаш и секаде да се обвини Русија, но ова е вообичаена болест така што нема што да се коментира“, додаде портпаролот на Кремљ.

На прашањето дали Вашингтон навистина го шпионирал и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Песков кажа дека тоа не може да се исклучи, пренесува Ројтерс.

„Но фактот дека САД шпионирале бројни шефови на држави, особено во европските престолнини, веќе подолго време, се појавува повеќе пати предизвикувајќи разни скандалозни ситуации“, истакна Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ