сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Безусловно ги поддржуваме косовските Срби и Србија

Објавено на

часот

Сподели

Неколку десетици војници на Кфор, силите на НАТО на Косово, тргнаа да ги растураат мирните српски демонстранти во општината Звечан на северот на Косово во понеделникот, по што избија немири и беа повредени и граѓани и војници на Кфор. Косовските Срби се противат на влегувањето на нелегитимните албански градоначалници во општините по локалните избори кои Србите ги бојкотираа.

„Ние безусловно ги поддржуваме Србија и Србите. Сметаме дека мора да се почитуваат законските права и интереси на косовските Срби“, кажа Песков на редовниот брифинг за медиумите, истакнувајќи дека не смее да има простор за „провокативни акции“.

НАТО вчера соопшти дека ќе испрати дополнителни 700 војници на Косово и ќе стави уште еден баталјон во состојба на висока готовност додека Србите продолжуваат да протестираат против албанските градоначалници. НАТО има околу 4.000 војници на Косово.

Русија не ја признава еднострано прогласената независност на Косово и ги блокира обидите на Приштина да влезе во Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ