петок, 18 октомври 2024

Кредисимо реновираше библиотека во основно училиште во Кичево

Објавено на

часот

Сподели

Со оваа донација Кредисимо (Credissimo) како општествено одговорна компанија придонесе за унапредување на условите во училиштето, а тоа им овозможи на учениците едно ново средено и модерно катче за едукација, читање, како и простор за учење и завршување на училишните обврски. Библиотеката е обновена со нов мебел, полици, варосана и освежена со нова боја.

„Среќни сме што наставничката Ана Симонова од ОУ ‘Раде Кратовче’, нѐ контактираше и испрати барање до нас за да се вклучиме во овој проект за уредување и подобрување на условите во училиштето. Нашата компанија дава посебно значење на образованието и ние постојано ја истакнуваме неговата важност за развојот на секој поединец. Секогаш сме присутни и отворени за соработка и помош во сите институции каде што има потреба“, изјавија од Кредисимо.

п

„Учениците се пресреќни. Новата библиотека е нивното ново омилено место во училиштето. По нејзиното целосно реновирање и преуредување, тие поминуваат многу повеќе време тука. Читаат, се забавуваат и си споделуваат интересни факти од прочитаното. Благодарни сме што Credissimo позитивно одговори на нашето барање и целосно ја обнови библиотеката, и покрај тоа што ние побаравме само да се вклучат со делумна финансиска поддршка“, изјави наставничката Ана Симонова.

Ова е само еден од многутте општествено одговорни проекти на Кредисимо, а ќе има уште многу кои допрва ќе бидат реализирани.

                                                                                                                                                      Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ