сабота, 19 октомври 2024

Кредисимо донираше 100.000 денари за санација на штетите од поплавите во Делчево

Објавено на

часот

Сподели

Преку својата донација, Кредисимо ќе даде свој придонес со цел да се помогне во санирањето на штетите, односно да се даде поддршка за побрзо санирање на направените штети во Делчево. Главниот фокус е ставен на обновување на инфраструктурата и санирање на настанатите штети.

Оваа акција на Кредисимо ја потврдува посветеноста кон граѓаните низ целата држава. Од пожарите кои го опустошија тој дел од државата во 2021 година, до донации од здравствен и образовен карактер, Кредисимо секогаш се вклучува и поддржува иницијативи кои се насочени за доброто на сите.

„Секоја донација од Кредисимо има за цел да го истакне значењето на социјалната одговорност и да создаде позитивна промена во заедницата, а најмногу да ги поттикне сите кои се во можност да го направат тоа. Ние сме среќни што можеме да бидеме дел од помошта кон луѓето кои имаат потреба и да ги поддржиме во процесот на опоравување од штетите“, изјавија од компанијата.

„Изразуваме голема благодарност до Кредисимо за покажаниот самоиницијативен интерес да се вклучат со донација за да ја потпомогнат нашата општина во овој тежок период, кога заради временските неповолности беа нанесени големи материјални штети“, изјавија од Општина Делчево.

Кредисимо секогаш ја користи можноста да изрази благодарност до сите волонтери, институции и приватни компании кои се дел од помагањето по ваквите природни непогоди. Апелираат дека со заеднички сили, напори и соработка, може полесно да се надминат овие предизвици, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ