Според поднесокот од 6 јануари во Окружниот суд на САД за Источниот округ Мисури, Ен тврди дека злоупотребата започнала кога имала три години, додека нејзиниот брат имал 12 години.
Сем Алтман, заедно со својата мајка и браќата, јавно ги демантираше сите наводи во изјава на платформата Икс, нарекувајќи ги тврдењата „апсолутно невистинити“.
Во соопштението се истакнува: „Грижата за член на семејството со предизвици во менталното здравје е исклучително тешка. Оваа ситуација носи огромна болка за целото наше семејство“.
Ен Алтман во тужбата наведува дека злоставувањата вклучуваат и силување и тврди дека последниот инцидент се случил кога таа била малолетна, а нејзиниот брат веќе бил полнолетен. Во тужбата се бара судење пред порота и финансиска штета поголема од 75.000 долари.
Сем Алтман, познат по својата улога во технолошката индустрија, стана глобално препознатлив на крајот на 2022 година кога ОпенАИ го лансираше ЧетГПТ, револуционерен чет-бот базиран на вештачка интелигенција.