петок, 26 јули 2024

Кражба во Управата за матични книги во Прилеп, украдени се документација и компјутери

Од подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во Прилеп од страна на непознат сторител биле одземени документација, монитори и куќишта од компјутери, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На 11 мај 2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10 до 11 мај 2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, наведува МВР во дневниот билтен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ