недела, 26 мај 2024

Кражба на српски Пинк пантери во Атина снимена со камера (ВИДЕО)

Државјани на Србија на возраст од 50 и 53 години се уапсени во средата во Грција поради сомнеж дека во Атина ограбиле најмалку две златарници од кои однеле плен вреден повеќе од 300.000 евра. Се верува дека уапсените се припадници на криминалната група Пинк пантер, а безбедносните камери на една од ограбените златарници го снимиле моментот кога ограбувачот го вадел накитот од витрините.

Принтскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Уапсените се осомничени дека од декември 2023 ограбиле најмалку две златарници во центарот на Атина. Ги бирале оние кои делат ѕид со празен објект. Во вечерните часови би влегле во напуштената зграда, би направиле дупка во ѕидот, а потоа еден од ограбувачите влегувал во златарницата и би го земал пленот.

Осомничените Срби, според српските медиуми, користеле лажни документи, управувале со возила со странски таблички кои биле регистрирани на лица без криминално досие. До златарниците доаѓале пешки или со возила кои ги паркирале на одредена оддалеченост за полицијата да не може да ги поврзе со нив.

При претресот на просториите кои ги користеле во празните објекти, полицијата, меѓу другото, нашла алат за обивање, три часовници, накит, 190 евра, лажни возачки дозволи, три мобилни телефони и други лични предмети. Во текот на истрагата запленети се еден автомобил и еден мотоцикл.

Грчката полиција објави дека двајцата осомничени Срби имаат богати криминални досиеја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ