четврток, 24 октомври 2024

Крава предизвика тешка сообраќајка на автопатот Велес – Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила околу 16.30 часот кога автомобил „рено лагуна“ со скопски таблички удрил во крава што се движела по патот. По судирот со животното, на „реното“ налетал автомобил „форд мондео“, исто така со скопска регистрација. При несреќата, поради тешки повреди починала Алмина Меховиќ од Сарај, сопатничка во „реното“. Повреди добиле возачот Е.М. (36) и уште една сопатничка, З.М.

По наредба на истражен судија телото на починатата е дадено за обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ