сабота, 22 март 2025

Кратките вежби, дури и неколку минути дневно, помагаат за здравјето

Многубројните истражувања ја докажуваат важноста на таканаречената мини вежба. Можеби изгледа тешко да се поверува, но само неколку минути вежбање на ден може да го подобри вашето здравје и кондиција, пренесува Си-ен-ен.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Помагаат кратките активности, од 30 секунди до максимум пет или 10 минути, кои вклучуваат речиси секаков вид на движење од качување по скали, пешачење или танцување, денес бројни студии ја докажуваат важноста на мини вежбите.

Се покажа дека вежбањето од само 15 до 30 секунди три пати на ден ја подобрува кардио-респираторната кондиција кај неактивни возрасни лица, според истражување од јануари 2022 година објавено во списанието „Осврти за вежби и спортски науки“.

Истражувањето вклучувало качување по скали и возење велосипед.

Кај возрасните кои претходно не вежбале, забележан е пад од 17 до 18 отсто во појавата на рак откако почнале да вежбаат поенергично само 3,4 до 3,6 минути дневно, според студијата од јули 2023 година спроведена на 22.398 лица.

Нивната секојдневна физичка активност траела една или две минути.

Според една студија објавена во ЈАМА Онколоџи, 4,5 минути енергична, наизменична физичка активност секој ден била поврзана со намалување на застапеноста на рак од 31 до 32 отсто.

Дури и мала количина умерена до енергична физичка активност секој ден, или додавање мала количина на вашиот тековен режим на вежбање, го намалува ризикот од деменција.

Најголема придобивка имаа оние кои претходно не применувале умерено до енергично вежбање.

„Да правиш било што е подобро отколку да не правиш ништо“, изјави Мајкл Бетс, личен тренер и директор на лондонскиот Трејнфитнес, додавајќи дека кога ќе се движите одредено време, подложувајќи го телото на мал напор, тоа ќе се прилагоди и подобри.

„Кога се движите некое време, подложувајќи го телото на мал напор, тоа ќе се прилагоди и ќе се подобри“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ