сабота, 27 јули 2024
Заврши процесот на екстрадиција

Красниќи од Косово е донесен во најголемиот затвор во државава, затворот во Идризово

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција на Бесим Красниќи (44) од Косово во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од МВР, Красниќи се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за  подготвување во врска со кривично дело тероризам.

Од министерството наведуваат дека лицето е спроведено во КПУ Идризово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ