вторник, 22 октомври 2024

Кралската палата ја најави државната посета на Макрон на Мароко

На покана на кралот Мохамед VI, францускиот претседател Емануел Макрон, во приджужба на неговата сопруга Брижит Макрон, од 28 до 30 октомври ќе престојува во државна посета на Мароко, се вели во соопштението на мароканското Министерство за кралскaта палата, протокол и канцеларство.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа посета ја одразува длабочината на билатералните односи, засновани на цврстото партнерство, благодарение на заедничката желба на двајцата шефови на државите да ги зајакнат мултидимензионалните врски што ги обединуваат двете земји“, се вели во соопштението.

На 31 јули, кралот Мохамед VI го покани претседателот Макрон да го посети Кралството, откако Франција ја зазема јасната и силна позиција во врска со мароканската Сахара.

Во кралската пораката до Макрон, која всушност беше одговор на неговото писмо во кое беше изразена јасната поддршка на суверенитетот на Мароко над мароканскиот дел на Сахара од страна на Франција, кралот Мoхамед VI истакна дека со интерес ја примил важната порака упатена по повод 25-годишнина од Денот на тронот, каде се наведува дека сегашноста и иднината на Западна Сахара се во рамките на мароканскиот суверенитет.

Во продолжение на својот одговор кралот се заблагодари за топлите желби и личната посветеност за зајакнување на партнерството меѓу двете земји, додавајќи дека длабоко ја цени одлучната француска поддршка на автономија на овој регион под марокански суверенитет, со што всушност се поддржува планот предложен од страна на Мароко во 2007 година како единствено решение на овој регионален спор. „Франција придонесува во зајакнувањето на меѓународниот моментум којшто многу земји веќе го поддржаа, на тој начин ставајќи крај на конфликтот наследен од друга ера“, подвлече кралот во своето писмо.

Во говорот што го одржа на 11 октомври на отворањето на есенската сесија на Парламентот, монархот во име на мароканскиот народ ја изрази својата најискрена благодарност до Франција и до претседателот Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ