четврток, 26 декември 2024

Кралот на Шпанија го гаѓаа со кал во Валенсија, маж се обиде да го удри со шипка (ВИДЕО)

Стотици луѓе негодуваа во малиот град Паипорта, недалеку од градот Валенсија, против шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција, како и против премиерот и регионалниот лидер на Валенсија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Луѓето фрлаа кал и извикуваа „убијци“ додека кралот се обидуваше да оствари официјална посета на една од најтешко погодените општини во смртоносните поплави.

Обезбедувањето се обиде да го заштити кралот со чадор.

Еден човек со шипка тргна кон кралот и останатите членови на неговата придружба. Тој замавна неколку пати, по што полицаец го совлада.

Но, тоа не беше крај. Разбеснети луѓе го опколија кралот, додека толпата извикуваше: „Убијци, убијци“. Полицијата едвај ги задржа.

Сцените од Паипорта откриваат зголемено чувство на напуштеност кај жителите на опустошените области и широко распространета лутина поради тоа што предупредувањето да не се излегува од дома во вторникот дојде дури откако веќе започнаа поплавите.

Официјалната посета се случи во време кога бројот на загинати се искачи на 214, а градоначалниците на погодените општини бараат помош од надлежните.

„Многу сме лути и очајни“, рече Гилермо Лујан, градоначалник на Алдаија. „Имаме град во урнатини. Мораме да почнеме од почеток и барам помош. Ве молам, помогнете ни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ