сабота, 27 јули 2024

Кралот Чарлс за првпат во јавност по објавувањето дека има рак (ВИДЕО)

Британскиот крал Чарлс Трети присуствуваше денес на црковна служба во своето прво јавно појавување откако минатата недела беше објавено дека му е дијагностициран рак и дека ќе одложи некои ангажмани за да се лекува.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кралот со својата сопруга Камила пристигна во црквата Света Марија Магдалена во Сандригем во источна Англија, пренесува агенцијата Ројтерс.

Бакингемската палата соопшти во понеделникот дека на 75-годишниот Чарлс му е дијагностициран неодреден облик на рак.

Кралот е на тронот помалку од 18 месеци по смртта на својата мајка кралицата Елизабета.

Чарлс, кој времето го минува на својот селски имот во Сандригем, објави вчера порака во која изразува благодарност на добронамерните луѓе откако му беше воспоставена дијагнозата.

Додека бил на лекување Чарлс ги одложи јавните ангажмани, но планира да продолжи со голем дел од својата приватна работа како монарх, вклучувајќи ја неделната аудиенција на премиерот и бавењето со државните документи.

Ракот бил откриен кога Чарлс останал три ноќи во болница минатиот месец, каде бил подложен на корективна процедура поради бенигно зголемување на простатата.

Освен што потврдија дека не станува збор за рак на простата, палатата не даде никакви дополнителни детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ