сабота, 19 октомври 2024
Ла Лига

„Кралевите“ кикснаа на стартот, Мајорка го сопна фаворизираниот Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид киксираше на воведниот натпревар во новата сезона во Ла Лига, вечерва Мајорка ги сопна „кралевите“ и се избори за реми 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Карло Анчелоти ја започнаа одбраната на титулата со реми, Реал Мадрид испушти два бода на гостувањето кај Мајорка.

„Кралевите“ добро го отворија натпреварот, поведоа со голот на Родриго во 13. минута.

Но Мајорка не се предаде, по еден корнер, Ведат Муриќи му побегна на својот чувар и со глава го матираше Куртоа за 1-1 во 53. минута.

Реал Мадрид се обиде веднаш да се врати во предност, креираше неколку шанси, Мбапе пропушти добра прилика да дебитира со гол и во Ла Лига.

Во финишот од мечот, гостите немаа идеја како посериозно да го загрозат голот на Мајорка, а домаќините пак имаа две контри преку кои можеа да го шокираат фаворитот, но изостана завршницата.

На крајот двете екипи мораа да се задоволат со бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ