петок, 18 октомври 2024
Има богати понуди од Саудиска Арабија и САД

Крај на една ера, Бускетс заминува од Барселона по крајот на сезоната

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите од Шпанија вчера пренесоа дека Серхио Бускетс решил да не ја продолжува соработката со „каталонците“, фудбалерот својата одлука веќе му ја пренел на тренерот Чави и беше најавено дека денеска за истото ќе ја извести соблекувалната на Барса и раководството на клубот.

Нешто пред 12 часот, Барселона со официјално соопштение потврди дека Серхио Бускетс заминува од Камп Ноу по 15 години во првиот тим.

Во емоцинално видео на социјалните мрежи, Серхио Бускетс рече: „Се има почеток и крај, и иако одлуката не беше лесна, мислам дека дојде крајот на мојата авантура во Барса. Сакам да им се заблагодарам на сите, од работниците во клубот, персоналот, физиотерапевтите, аналитичарите до директори, претседатели и секако, сите соиграчи со кои сум делел соблекувална“.

 

 

Се говори дека Серхио Бускетс има финасиски примамливи понуди од Саудиска Арабија и САД.

Шпанецот може да му стане соиграч на Кристијано Роналдо во Ал Наср, а може и одново да дели соблекувална со Лео Меси, кружат гласини за нивна преселба во Ал Хилал.

Интер Мајами подолго време опипува терен, клубот на Дејвид Бекам е подготвен да направи напор за да го ангажира Серхио Бускетс, но не може да ја изедначи понудата на Арапите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ