Според полицијата, осомничените од мај до 13 декември минатата година, во населбата Баир во Битола и во селата Бистрица и Дихово, со употреба на погоден предмет извршиле кражби во куќи, викендици, црква и продавница. Од таму краделе пари, техничка стока, метални предмети, мобилни телефони. Разбојничките кражби ги извршиле во три куќи. Во една од нив биле затекнати од сопствениците и во тој момент и нив ги нападнале. Пријавените во населбата Баир украле автомобил марка „мазда 323“, а во еден случај се обиделе со возило да прегазат полицајци. Со сите овие дела, пријавените причиниле материјална штета од околу 8.300 евра.