Според информациите од полицијата, непознатиот сторител провалил во станот на С.К. на улицата Салвадор Аљенде во периодот меѓу 30 декември и втори јануари додека сопственичката била отсутна.
Крадецот влегол во станот откако ја обил балконската врата, пребарал по станот и украл разновиден златен накит, четири рачни часовници, лаптоп и 4.000 денари.
Полицијата трага по провалникот.