сабота, 27 јули 2024

Крадци фатени на лице место во куќа во Прилеп

Прилепската полиција ноќеска во 2.30 часот по полноќ во овој град ги лишила од слобода  Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат денеска од МВР, тие биле фатени при извршување тешка кражба во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ