вторник, 10 декември 2024

Кожувчанка станa горд поддржувач на Кошаркарската федерација

Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската федерација на Северна Македонија во наредниот период со кое ново партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски  национални тимови под капата на кошаркарската федерација, информира компанијата Кожувчанка.

Објавено на

часот

Сподели

„Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да
поттикне покрај спортски успех и националната гордост на нашата држава. Тоа да бидат успеси на многу деца, кои што ќе се определат за овој спорт, со одговорност и дисциплина, на нови генерации кошаркари и кошаркарки, на сите нас кои што заеднички ќе изградиме уште подобри услови за спортот во земјава. Ние и нашите партнери од федерацијата сме сигурни и убедени дека во иднина нашите кошаркари и кошаркарки ќе дадат се од себе за да ја вивнат и вратат  македонската кошарка во нови височини и одново да покажеме дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа.

Посакуваме успех, нови победи и со голем оптимизам гледаме на оваа соработка, но најважно за нас е дека повторно ја потврдуваме нашата вредност, одговорност и квалитетот кој што го имаме и го градиме речиси 30 години како компанија“, изјави генералниот менаџер на Кожувчанка, Јанинка Чупаркоска.

„Нашата федерација добива партнер во докажан пријател на спортот и партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот како на спортот така и во многу други и голем број на организации, активности и настани, се со цел да се промовираат и прослават успехот, вредностите и напредокот. Веруваме дека овој спонзорски договор ќе донесе успех и среќа за сите нас“, истакна претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Општествената одговорност како еден од императивите на работењето на Кожувчанка и Кошаркарската Федерација на Северна Македонија има за цел да ја потврди посветеноста на двете институции и оваа соработка во создавањето на една убава приказна со мотив и желба за нови победи, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ