четврток, 26 декември 2024

Кожески е најдобриот млад научник од областа на осигурувањето

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Во конкуренција на пет труда од областа на управување со ризици и осигурување стручната комисија годинава наградата ја додели на Кристијан Кожески асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Трудот на Кожески разбработува важни сегменти за влијанијата што врз цените на полисите за осигурување имот ги имаат бруто домашниот производ (БДП), долгорочните кредити, цените на недвижностите и бројот на издадени дозволи за градење. Оваа награда во вредност од 80.000 денари АСО ја доделува традиционално 14 години по ред, по повод денот на осигурувањето – 1 ноември на кој годинава АСО одбележува и јубилеј 15 години од основањето“, соопштија од АСО.

Плакетата за најдобар истражувачки труд на Кожески му ја додели д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти при АСО.

„Во своето истражување Кожески утврдува дека макроекономските и финансиските фактори играат значајна улога во одредувањето на премиите за осигурување на имот во Македонија. При тоа трудот насловен ‘Комплексната интеракција на макроекономските и финансиските детерминанти со премиите за осигурување на имот во Македонија: Динамична краткорочна и долгорочна анализа’ разработува како економскиот раст, цените на недвижнините и дозволите за градба имаат позитивен и значаен ефект, додека долгорочните кредити имаат неочекувано негативно влијание. Авторот исто така укажува на тоа дека овие наоди имаат важни импликации за осигурителните компании и креаторите на економски политики“, ја образложија својата одлука од АСО.

Оттаму појаснуваат дека целта на конкурсот е за да послужи како стимулација за развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ