Да се обединиме затоа што ова ни е последна шанса за спас на Македонија. Да се сплотиме и масовно да излеземе на 8 мај, да им го зададеме вториот удар, а веднаш потоа да побараме одговорност. Одговорност за сите катастрофални политики кои ја уназадија Македонија, штетни политики кои ги носеа и со кои ве осиромашија, за сите стратешки грешки со кои ја понижија Македонија и го обесправија македонскиот народ, порача од Кочани Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 во рамки на парламентарните и претседателски избори.

На оваа изјава, министерот за правда Кренар Лога му му се обрати на Ковачки со „непочитуван“ и му кажа дека ја примил неговата пораки.
„Ја примив Вашата порака. Го знам Вашиот интелектуален капацитет нереформиан кадар кој за среќа, во земја членка на НАТО нема преспектива и нема можност за добивање безбедносен сертификат, што за Ваша несреќа долгосонуваната позиција Министер за одбрана станува неостварлива. Оваа закана чувајте ја за себе. Во исто време Ви благодарам што нè мотиварате дополнително. Овие бесмислици од минатиот век, народски речено, не држат вода кај нас. Ќе ме имате секој ден во секој дел на оваа заедничка држава. Мојата Македонија е побогата од Вашата. Европска Македонија е далеку поубава и поперспективна за разлика од Вашата Македонија, која е регресивна, изолирана, и е со тефтерче против своите граѓани. Неспособен полковнику, како Европски Фронт тука сме како гаранција дека оваа држава ќе се движи напред и дека оваа држава е на сите граѓани, како на Македонците, така и на сите останати од третата изборна единица… – 9.308 Роми, 8.628 Албанци, 5.590 Турци и 5.199 Бошњаци или вкупно 28.725 гласачи незастапени во Собранието на Северна Македонија. И за крај коригирајте се, нема да има еден пратеник туку минимум три, бидејќи носител е проф. д-р Сулејман Баки (горд турчин на оваа држава), а втор на листата е Џевдет Садику (горд албанец од вашата Северна Македонија)“, му возврати Лога на Ковачки.