четврток, 26 декември 2024

Ковачки: Функционери на ДУИ пљачкаа под превезот на албанска кауза, а СДСМ ги толерираше

Акциите на МВР и самото ставање на црната листа на високи функционери на ДУИ, се  показатели дека ДУИ е една крајно криминализирана структура, се брендираше како криминална структура, штетна за државата, меѓутоа и за Албанците, рече вечерва пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, ДУИ, криејќи се зад превезот за европска иднина, под приказните за некаква албанска кауза позната само на нив, го крадеа, пљачкаа и осиромашуваа сопствениот народ.

„Но, она што е најважно во оваа ситуација е дека таквото нивно однесување е препознаено не само одванте, туку и однадвор. Гледате дека надвор веќе не ги примаат никаде, не одат никаде на посети, тотално се екскомуницирани. Внатре и самите Албанци гледаат дека станува збор за една криминална структура којашто не им мислела добро ниту на самите Албанци. Од тој аспект сакам да кажам дека ДУИ стана бренд, значи заштитник на криминалот. Познати се по ‘транспарентните’ набавки на ‘Еуровиа’, фирмата којашто е нивен спонзор и донатор на нивната политичка партија, а ги добиваше најголемите тендери во државата во нивно време“,  рече Ковачки.

Тој додаде дека ДУИ истовремено се познати и по „Соравија“, односно, по купување на трговски центри во Скопје за 0 денари.

„Препознатливи се и по големиот грабеж на Лотарија, нешто што е особено актуелно периодов, а нешто од кое СДСМ не најде сила да се огради и да им се извини на граѓаните што тоа го толерирал. ДУИ не може да се огради од аминувањето, односно од назначувањето на јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и за штитењето на сите овие криминални активности“, рече Ковачки.

Тој говореше и за целокупниот безбедносен систем на Македонија, за кој, како што посочи, веќе се издвоени 30% од буџетот, пари што ќе се искористат за неговата модернизација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ