сабота, 27 јули 2024

Ковачки: Дрин Ахмети со фирма скриено работи и на Коридорот 8

Објавено на

часот

Сподели

„Дрин Ахмети со Тор индустриес, заедно со уште една фирма од кланот Зајас за која ќе зборуваме деновиве, е вклучен во изградба на Коридор 8, договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.

Кога голем број фирми едвај наоѓаат работа, фирмата на Дрин е најпосакуван партнер и дежурен подизведувач, на многу поголеми фирми. Дали зад тоа се крие Ахмети и дали има трговија со влијание?

Покрај на Коридор 8, како Тор индустриес на внукот на Али, Дрин Ахмети е вклучен и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делницата Извор – Гарски мост. Исто како и на Коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги инкасираат, според документите доставени до нас од свиркачи се помеѓу 6 и 9 милиони евра.

Потенцираме дека очекуваниот приход од 6 до 9 милиони евра, пред банката на Тор индустриес е изнесен токму од Дрин Ахмети, и тоа е заведено во анализата на банката.

Дали по истиот модел Тор индустриес ќе продолжи со изградба на новите делници од Коридор 8, и дали Јавното обвинителство ќе продолжи да биде нем набљудувач?

Ова се мултимилионски бизниси, од кои кланот од Зајас дебело профитира, додека народот се иселува од државата.

Додека Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ, неговите внуци профитираат од зделки со државата како подизведувачи на други фирми. Мислејќи дека ќе го избегнат окото на јавноста се кријат како втора рака, заборавајќи дека трагата на парите секогаш води до главата на шемата. А,  главата е семејството Ахмети.

Со сегашното Јавно обвинителство кланот од Зајас е заштитен, но одговорност ќе има по промената на власта, кога секој ќе треба да го докаже имотот кој што го стекнал“, рече Ковачки на прес-конференцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ