сабота, 27 јули 2024
Изјава на премиерот

Ковачевски: Законска обврска е да поднесам оставка, а ВМРО-ДПМНЕ да предложи технички министри

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е законска обврска на 100 дена пред изборите да поднесе оставка на функцијата, а ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија да предложи министри и заменици министри во техничката влада. Според него, ако ВМРО-ДПМНЕ не учествува во таа пржинска влада, тоа ќе фрли дамка врз изборниот процес.

Објавено на

часот

Сподели

„Техничката влада е дефинирана согласно закон и точно се знае кој предлага министри. Законска обврска е и најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ да предложи министри и заменици во предвидените министерства“, рече Ковачевски. ѓ

Тој на прашањето дали таа влада може да има и министри од редот на опозицијата на Албанците, премиерот рече дека законот утврдил тоа да биде опозициската партија со најмногу пратеници.

Според законот, рече тој, ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, а власта да предложи дополнително заменици министри во овие министерства.

Тој дообјасни дека од ВМРО-ДПМНЕ треба да предложат дополнителен заменик-министер во Министерството за финансии, во Министерството за земјоделство и во Министерството за информатичко општество и администрација.

„Јас ќе ја исполнам мојата законска обврска и ќе поднесам оставка исто како што и другите претседатели на влада пред тоа ја исполниле својата законска обврска, и како што другите политички партии пред тоа ја исполниле својата законска обврска. Сметам дека не постои причина во овој случај ВМРО-ДПМНЕ да не ја исполни својата законска обврска, бидејќи тоа предлагање произлегува од Закон за Влада и од Закон за избори“, изјави Ковачевски.

Според него, од 2016 година наваму изборите се оценети како исклучително демократски и од ОБСЕ/ОДИХР и од меѓународните фактори и меѓународни организации, поради што не гледа причина демократски да бидат и следните избори.  

Премиерот Ковачевски посочи и дека има координација со коалициските партнери, но и дека со сите останати политички партии во Собранието, како што рече, имале успешна лидерска средба на која со најширок консензус било договорено дека ќе има избори на 24 април и на 8 мај, како и дека не станало збор за укинување на техничката влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ