четврток, 24 октомври 2024
Во Кишињев отоврен вториот Самит на Европската политичка заедница

Ковачевски: Заеднички напори за мир и безбедност, енергетска отпорност и климатска акција за постабилен континент

Објавено на

часот

Сподели

Стратешка цел на Македонија е полноправното членство во Европската Унија (ЕУ) до 2030 година. Скрининг процесот треба да заврши многу скоро, и ни претстојат политички одлуки со кои ќе се овозможи отворање на кластерите и поглавјата, истакна премиерот Димитар Ковачевски по пристигнувањето во Кишињев каде што придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, учествува на вториот Самит на Европската политичка заедница.

Ковачевски беше пречекан од претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Ковачевски Санду

„Изминатава година и руската брутална инвазија врз суверена и независна Украина многу јасно ни покажа дека земјите од слободниот демократски свет имаат заеднички безбедносни, економски и енергетски предизвици. Но, исто така и дека само заеднички и обединето можеме да се справуваме со истите, доколку сакаме да имаме успех“, објави Ковачевски.

Како земја членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ и фактор на стабилност во регионот, напиша на фејсбук Ковачевски, посветени сме и ќе продолжиме да се залагаме за заедничките демократски вредности на мир, дијалог и напредок.

Во рамките на посетата на Кишињев, Ковачевски на маргините на самитот се сретна со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Ковачевски Зеленски

„Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија што Русија ја врши врз независна и суверена Украина и ѝ дава силната поддршка на земјата од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година. Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која ѝ е потребна на Украина“, изјави Ковачевски на средбата со Зеленски.

Како што соопшти владината Прес-служба, Ковачевски потсети дека земјава е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што и овој пат јасно се позициониравме на вистинската страна на историјата.

Премиерот посочи дека Украина е меѓу приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ, нагласувајќи дека земјава ја подржува евроатлантската интеграција на земајта и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО. 

Во владиното соопштение се додава дека претседателот на Украина, Зеленски се заблагодари за поддршката што украинскиот народ ја добива од земјава, која доаѓа во клучни моменти.

„Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа“, истакна Зеленски.

 Ковачевски се сретна и со српскиот претседател, Алекандар Вучиќ со кого разговарале за актуелни теми кои го засегаат регионот.

Ковачевски Вучиќ

„Ние во регионот најдобро знаеме колку е важно заедно да се вложат сите напори со цел да се зачува тешко стекнатиот мир и стабилност. Разговаравме за актуелните настани и понатамошните чекори кои би придонеле за изнаоѓање решение за сегашната тешка и сериозна ситуација. со надеж дека разумот ќе надвладее, за доброто на сите“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил „будуќностсрбијеав“.

На самитот на Европската политичка заедница учествуваат 47 лидери од 27-те земји членки на ЕУ, од државите од Западен Балкан, потоа од Ерменија, Азербејџан, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Норвешка, Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија, како и претставници на Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент.

Главни теми на форумот се актуелните прашања поврзани со обезбедувањето на клучната инфраструктура; засилување на борбата против кибер нападите, изградбата на заедничка, паневропска енергетска политика и разгледување на можноста за повеќе универзитетски и студентски размени. Во фокус на разговорите ќе бидат и заедничките напори за мир и безбедност; енергетска отпорност и климатска акција и меѓусебните врски во Европа за подобро поврзан и постабилен континент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ