вторник, 5 март 2024

Ковачевски: Водици е можност да осознаеме дека во природата на луѓето е да се биде подобра личност

Значењето на денешниот празник е можност да ја осознаеме безвременска порака дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност, изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Ковачевски на присутните граѓани им го честиташе денешниот празник и му честиташе и на момчето кое го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа.

„Богојавление е голем празник. Денес бевме присутни тука во Скопје, на реката Вардар каде што архиепископот македонски ги освети водите на Вардар, меѓутоа во сите градови низ државата ова е една традиција која секогаш не потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир, во соживот. Во тој дух сакам да го честитам празникот на сите наши граѓани и да посакам успешна година, среќен празник, на сите оние кои слават именден да им честитам именден“, изјави Ковачевски по церемонијата на осветувањето на водите на реката Вардар и положување на светиот крст. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ