среда, 23 октомври 2024

Ковачевски: Владата и годинава ќе го субвенционира парното за скопјани

Објавено на

часот

Сподели

Минатата година граѓаните имаа можност да видат во нивните сметки дека електричната енергија беше субвенционирана во однос на пазарната цена и до 80 и над 80 проценти во некои месеци. Така и ќе продолжи. Истото беше и со парното, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешното поставување камен-темелник на полициската станица Аеродром.

Нагласи дека доколку лани парното не беше субвенционирано од страна на државата и доколку не се обезбедеше преземање на целокупната мрежа и на производството на топлинска енергија, тогаш Скопје ќе немаше парно.

„Тоа е обврска на градот Скопје и на опозицијата која се фалеше дека ќе го направеле Скопје метропола, а сега не може ништо да се доправи во Скопје што е започнато. Планирам да го повикам раководството на Скопје за да видиме како Влада што можеме да помогнеме во санирањето на делот со потребите на граѓаните, бидејќи граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник да се караат по цел ден кој бил во право“, потенцира Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ