сабота, 27 јули 2024
Изјава на премиерот

Ковачевски вели дека ветинг ќе има во неговиот нов мандат по изборите

Во следниот мандат ќе спроведеме процес на ветинг и тоа не само на именувани и избрани функционери – од премиерот до министрите, па до царината, судовите и обвинителствата, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Има еден процес што ќе биде спроведен во државава, а тоа е процес на ветинг на именувани и избрани функционери, меѓутоа можеби треба да се прошири на физички и правни лица. Тој процес Албанија го спроведе. Во нашата држава Владата сакаше да го спроведе, но беше спречена од ЕУ, не знам од кои причини. Меѓутоа нема кој да го спречи тој процес на наредните избори кога повторно ќе ја добиеме честа да ја водиме владата, и во тој процес точно ќе може да се идентификува кој е за унапредување, кој е за доусовршување, а кој не може да извршува одредена фукнција и при тоа ќе бидат опфатени сите, а не само да го имате премиерот и министрите секој ден на телевизија, и секој ден да се гледаат нивните анкетни листови, туку треба да се гледаат на сите – од царина, до судови и обвинителства“, рече Ковачевски.

Според него, факт е дека граѓаните точно знаат да лоцираат што точно треба да се поправи во државата, но исто така, вели, факт е дека и Владата работи на поправање  и унапредување на областите што се важни за граѓаните.

Во однос на борбата против криминалот, ги посочи податоците на МВР, според кои откривањето на такви дела е зголемено за 50 проценти во изминатите неколку години.

„Само минатата година има над 168 поединци и правни лица кои се идентификувани како сторители на прекршоци од висока корупција и се процесирани до обвинителските и до правосудните органи. И тука доаѓаме до поделбата на власта – не може Владата да ги одговори прашањата кои се во домен на правосудните власти. Последното нешто што треба да се има предвид е Оценската мисија на ЕУ во делот на Судскиот совет и каде што има над 40 препораки што ќе треба да станат дел и од Акцискиот план во делот на владеењето на правото. Сите тие 40 препораки ја имаат мојата поддршка“, наведе Ковачевски на прес-конференцијата за за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ