сабота, 27 јули 2024
Средба на премиерот со владините партнери

Ковачевски тврди дека има целосна поддршка од коалициските партнери за европскиот пат на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Полноправното членство во ЕУ до 2030 година, според Ковачевски, е амбициозна, но достижна цел.-  оваа владина коалиција е стабилна и силно обединета и ќе ја оствари таа цел, рече Ковачевски.

„Со Ангелов веќе разговаравме и со коалиционите партнери ќе имаме средба во однос на барањето кое веќе го имаме разгледувано, но со оглед на законска неможност да се реализира ќе седнеме повторно да најдеме решение. Со Балкоски ги знам во детали неговите ставови и се работи за остварување на иста цел, но различен пристап бидејќи тој е експерт во таа област. Тој смета дека треба друг пристап во делот на одредени регулативи кои се носат, но сепак сметам дека остварувањето на целта за изградба на коридорите од сите аспекти е императив на сите политички партии“, рече Ковачевски.

За реформите во правосудството – законот за ветинг, се договориле дека во рамки на Комисијата за политички систем при Собранието ќе се отвори расправа и ќе се формира група која ќе работи на изработка на решение заедно со учество на експерти и со покана до соодветни експерти од Европската Унија (ЕУ) кои имаат искуство со цел да се добие законско решение и процедури кои ќе бидат издржани и ќе обезбедат процес кој ќе даде посакувани ефекти.

За законските предлози за една изборна единица се договориле дека дискусијата треба да се води во рамки на Собранието и таму, според него, треба да бидат земени предвид сите аспекти на политичките партии.

„Во рамки и на коалицијата и на опозицијата има различни мислења по однос на Изборниот законик. СДСМ е партија која во својата програма има поддршка за една изборна единица, но во рамки на Собранието ќе се расправа за модалитетите во однос на тоа дали треба или не треба да има изборен праг, застапеност на етнички заедници, родова застапеност на изборните листи. Од страна на политичките партии беше истакната поддршка за продолжување на европскиот пат. Денес се наоѓаме на крстопат дали продолжуваме забрзано со интеграција во ЕУ или државата повторно треба да стане изолирана во рамки на балканскиот простор без сантиметар напредок како што беше 11 години во минатото“, рече Ковачевски.

Прашан што доколку не се испочитуваат барањата на помалите коалициски партнери, Ковачевски нагласи дека за него не постојат помали или поголеми коалициски партнери, туку коалициски партнери кои ги почитува заради нивните идеолошки и програмски определби и претпоставки на кои ги градат своите политики.

„Во една разноликост на коалициски партии, кога имате од социјалисти, економски политики, до либерални, зелени…секогаш постои процес на усогласување. Денеска се договоривме дека на собраниската Комисија за политички систем ќе се отвори делот во однос на реформите во правосудството и се договаравме за воведување на систем во кој за избраните функционери во правосудството од страна на Собранието ќе се обезбеди процедура во која ќе можат да бидат повикани на јавна расправа како што јас одам на пратенички прашања, за да одговорат на пратениците кои ги избрале, потоа законска регулатива во делот на казнивост и одговорност. На мој предлог разговаравме во делот на унапредување на индивидуалната транспарентност која потоа може да биде преточена во унапредување или санкционирање на лоши постапки и за Изборниот законик каде веќе е поднесено законско решение каде сите политички партии ќе треба да го усогласат ставот во однос на него и како тој да изгледа, бидејќи имаме време до наредните избори“, заклучи Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ