петок, 26 јули 2024
Изјава на лидерот на социјалдемократите

Ковачевски: Со нова влада на СДСМ пензиите ќе бидат достоинствени, a најниската плата ќе биде 600 евра

По изборите, во вториот мој мандат, просечната плата ќе биде 1.000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат и не само што нема да имаме веќе ниту еден пензионер под праг на сиромаштија, туку пензиите ќе бидат достоинствени и далеку повисоки, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој заедно со допонителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, беше во посетата на компанијата „ДИЕМ-ГП“ во Гевгелија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Со новата методологија на пресметка на пезниите, која Владата предводена од СДСМ ја сработи заедно со пензионерите, пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе, кажал Ковачевски додавајќи дека просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија воедно, додаде тој на средба со Здружението на пензионерите, денес е за речиси 50% повисока од пензијата во 2016 година.

Ковачевски нагласил дека пензионерите беа опфатени и во пакетите со антикризни мерки и дека во последниот пакет, се издвоиле 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите добиле од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.

„Поддршката за пензионерите од страна на СДСМ се огледа и во вложувањата во старинските домови. Моментално на територијата на државава има 5 државни старински домови, а преку проектот за подобрување на социјалните услуги на ресорното министерство во периодот кога Јована Тренчевска беше министерка, има отворено 5 центри за активно стареење во Чаир, Центар Жупа, Крива Паланка и Босилово. Со новата програма за изборите на СДСМ предвидени се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старост на пензионерите“, кажал Ковачевски.

Тој разговарал и за можноста да се обезбеди енергетска сигурност за пензионерите во текот на зимските месеци како и за можноста за зимски регрес и воведување на пензионерска еднаквост — односно исплата на загарантирана минимална пензија на жените /мажите кои живеат со семејна пензија.

Ковачевски порача дека со СДСМ пензионерите секогаш може да очекуваат партнерски однос и дека и понатаму ќе се работи заедно со пензионерите за да изнајде решение со кое сите пензионери ќе се над прагот на сиромаштијата или пак најсоодветно решение за минимална пензија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ