сабота, 27 јули 2024
Премиерите на Македонија и Италија на врска

Ковачевски со Мелони разговарал за италијанското патролирање на македонското небо

Објавено на

часот

Сподели

„Овој процес е согласно НАТО принципите на заменливост, а премиерите разговараа околу усогласувањето на потребниот технички аранжман помеѓу двете држави, по чиешто потпишување Италија и официјално ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо“, информираат од владината прес-служба.

Премиерот Ковачевски, како што е додава во соопштението, изрази жалење за жртвите во полавите што зафатија делови од Италија овој месец, за што Македонија веќе понуди тимови за помош во санирањето на последиците, во форма каква што е потребна и можна.    

„Премиерот Ковачевски се заблагодари за зајакнатата улога и лидерството на Италија, кога се работи за европските перспективи на Северна Македонија и на регионот, односно за тоа што новата Влада, којашто ја предводи премиерката Мелони, го постави Западен Балкан високо на приоритетите во надворешната политика. Во разговорот беше посочено дека Италија целосно ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО и дека процесот на европско обединување нема да биде комплетен без земјите од Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ