понеделник, 9 декември 2024

Ковачевски смета дека етничката припадност не може да биде професија

Доаѓаме во фаза кога сите треба да седнат на маса зошто вработувањата во јавниот сектор врз основа на етничка припадност или познато како балансер не може еднострано да се смени, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со примената на таканаречениот балансер.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека балансерот како автоматизирано електронско решение врз основа на Законот за рамноправна застапеност го вовела Владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и дека по Охридскиот договор „се направени исчекори во поголема застапеност на помалите заедници“, а тоа не се однесува само на Албанците.

„Јас имам свој личен став. Сметам дека етничка припадност не може да биде професија и дека професијата дефинира нешто сосема друго. Професијата дефинира образование, вештини, искуство, однесување итн. И веројатно, ќе дојде момент којшто мислам дека е и веќе блиску кога ќе треба да разговараме за други критериуми во однос на унапредувањето на нашето општество. Не мислам тука само на директорски места, туку мислам и на стручни места коишто ќе треба да бидат пополнување со најдобрите кандидати“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Поликлиниката во скопската општина Сарај.

Според него,  во изминатите 23 години во државава е изградено мултиетничко општество –  систем во кој, како што рече, „сите може да ја гледаат државата како место во кое може да сметаат на својот личен и професионален развој“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ