сабота, 27 јули 2024

Ковачевски се пофали дека најважното ветување за просечна плата од над 30.000 денари е реализирано

Објавено на

часот

Сподели

„Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. И покрај сите опструкции од опозицијата и блокирани закони за раст на платите, платите во континуитет растат.

Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме.

Во време на голема економска криза сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците. Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а Буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно. Пред нас е тешка зима во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови. Сакам да ве уверам, дека Владата е целосно посветена и подготвена за се што претстои. Ќе работиме максимално одговорно, посветено и ефикасно во интерес на граѓаните“, вели Ковачевски во обраќањето. 

[video:https://youtu.be/eBbMwEe6K34 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ