петок, 21 јуни 2024

Ковачевски: Посветени сме на енергетската диверзификација

Објавено на

часот

Сподели

„Кризата ја претворивме во можност и токму затоа во кратки 15 месеци во Северна Македонија има инсталиран капацитет од околу 200MW енергија од обновливи извори и тоа претежно фотоволтаични централи, но и ветерни и биогасни капацитети.Посветени сме на енергетската диверзификација, Северна Македонија станува регионален центар на зелена енергија“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Како што пренесе владината прес-служба, Ковачевски ги сподели добрите пракси кои ги презеде Владата изминатава година како мерките за справување со енергетската криза, но и чекорите кои донесоа енергетска диверзификација за земјата. Еден од таквите чекори е Договорот за интерконекторот со Бугарија, со кој се зголеми постојниот капацитет на гасоводот. Поважно, овој Договор овозможи диверзификација на изворите на природен гас и гасот од Азербејџан и ЛНГ да ни стане достапен. Истовремено е и можност за обезбедување на резерви на природен гас во Бугарија.

На тркалезната маса се зборуваше за предизвиците поврзани со енергетската криза и енергетската отпорност во рамките на глобалните предизвици со кои се соочуваат земјите во Европа, а лидерите се осврнаа на енергетската безбедност која мора да се овозможи од сите земји кои учествуваат во Европската политичка заедница. Констатирана е потреба од активно вклучување на земјите од Западен Балкан во енергетската поврзаност. Лидерите говореа и за конечно разгледување на можноста за создавање на нов механизам за финансирање на земјите кои не се членки на ЕУ.

Во рамките на овој Самит, се одржаа три тркалезни маси насочени кон три главни теми, а тоа се заеднички напори за мир и безбедност, енергетската отпорност и климатска акција и меѓусебните врски во Европа за подобро поврзан и постабилен континент. Европската политичка заедница е платформа за политичка координација меѓу европските земји.

Платформата има за цел промоција на политичкиот дијалог и соработка со цел адресирање на темите од заеднички интерес и зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ