сабота, 27 јули 2024

Ковачевски положи цвеќе пред спомен плочата на Светите Кирил и Методиј во Санта Марија Маџоре

Објавено на

часот

Сподели

Базиликата Санта Марија Маџоре има посебно место во хронологијата на мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј бидејќи во неа папата Адријан Втори во 868 година ги осветил донесените книги што светите браќа ги подготвиле за да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи.
„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј, создавачите на словенската писменост. Од благодарниот македонски народ”, гласи текстот во чест на Свети Кирил и Методиј, што на македонски јазик, заедно со италијанскиот, е испишан на спомен плочата поставена во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

Во деветтиот век базиликата Санта Марија Маџоре била времено седиште на римскиот папа сѐ додека папската резиденција не била преместена во палатата во Ватикан, каде се наоѓа и денес.

[video:https://youtu.be/FzUniOD8sC8 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ