сабота, 27 јули 2024
Почнаа процесите за техничка влада

Ковачевски поднесе оставка

Димитар Ковачевски, претседателот на македонската влада, денеска, во законски предвидениот рок, ја депонираше оставката во Собранието на Македонија, при што имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата Ковачевски истакна дека функцијата претседател на Влада ја извршувал одговорно и посветено, со должна почит кон граѓаните, водејќи се од определбата за обезбедување едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности.
Ковачевски потенцираше дека ќе продолжи и понатаму да се залага за остварување на европската визија за Македонија, соопшти владината служба за информирање.
„Заеднички беше констатирана важноста на заложбите за реализирање на нашите европерспективи и обезбедување на сите предуслови за да се трасира нашата европска иднина.
На средбата се разговараше и за деталите околу формирањето на новата техничка Влада, при што премиерот Ковачевски му посака успех на претседателот на Собранието, Џафери на премиерското место.
Со поднесената оставка на премиерот Ковачевски, почнуваат процесите за формирање на техничка влада, која ќе создаде услови за одржување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори“, се вели во соопштението.
По средбата, пред зградата на Собранието, Ковачевски изјави дека по изборите повторно ќе се врати на функцијата од која денеска замина.

Тој кажа дека е горд што бил дел од Владата овие две години, а за Џафери кажа пофални зборови како добро го водел Собранието во два мандата.

Ковачевски кажа дека по изборите на 8 мај, пак ќе биде премиер на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ