понеделник, 16 декември 2024
Во рамки на официјалната посета на премиерот на Словенија

Ковачевски отиде по искуства кај Стојменова Дух, Македонка, словенечка министерка за дигитализација

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Ковачевски на средбата кажал дека споделувањето на словенечките искуства и позитивните практики во областа на дигитализацијата се значајни за Македонија во процесот на европските интеграции, но и на домашен план.
 

„Работиме на зголемување на бројот на електронски услуги кон граѓаните и бизнисите и сме фокусирани кон усогласување на националното законодавство со Европскиот кодекс за електронски комуникации, како и со Директивата на ЕУ за безбедност на мрежите и информациските системи и пакетот на алатки 5G. Поврзувањето на владините институции, академската заедница, бизнис секторот, граѓанскиот сектор и генерално, дигитализирањето на процесите е важно и за подобрување на квалитетот на институционалните услуги, но и за ефикасна борба против корупцијата, бидејќи овој процес подразбира намалување на човечкиот контакт при некои услуги“, кажал премиерот Ковачевски, како што информира прес-службата на Владата.
 

Инаку, министерката Стојменова Дух е Македонка која од 2002 година живее во Словенија, каде студирала по добиена стипендија, а како успешен студент, по докторирањето, станала и професор на Универзитетот во Љубљана на Катедрадата за информатички и комуникациски технологии.

Фото: Влада Македонија и Словенија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ