понеделник, 9 декември 2024
Премиерот за изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: Николоски шири хистерија и лага за Бехтел и Енка

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО – ДПМНЕ и нивните претставници, особено раководството, во изминатиот период потврдија дека единствено што знаат да прават е да шират хистерија, лаги и да блокираат во Собранието, така е и за договорот со Бехтел и Енка, рече Ковачевски на новинарско прашање.

Премиерот додадека дека договорот со Бехтел и Енка е потпишан врз основа на посебен закон одобрен во Собранието од страна на сите пратеници и тој договор, како што додаде, ги има поминато сите законски процедури за склучување.

Во договорот кој што е над 400 страни се дефинирани сите услови за изградба на овој автопат, пришто постојат одредени активности кои што можат да се направат и кои што сега се дел од парламентарната процедура, а тоа се измени на неколку закони во однос на оебзбедување на услови за забрзнување на постапката за изградба на овие две големи автопатски делници, коридор 8 и 10д, потенцира претседателот Димитар Ковачевски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и денеска изјави дека доколку во рок од 45 од потпишувањето на договорот, не се зголеми работната недела за работниците на коридорите, дека веќе на 23 април „сите граѓани на Македонија ЗА НИШТО ќе треба да платат 53 милиони евра“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ