сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Ковачевски: Нека дојде 8 мај, тој што не може да обезбеди 61 пратеник загубил на изборите

На новинарско прашање дали СДСМ евентуално ќе му помогне на ВМРО-ДПМНЕ да формира влада, имајќи ги предвид условувањата од ДУИ, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски рече: „Полека, па ние на изборите сме конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, нека дојде 8 мај па ќе видиме“. И додаде: „Тој што нема да може да обезбеди 61 пратеник и не може да формира влада ги загубил изборите“.

Објавено на

часот

Сподели

„Тој што не може да формира влада значи загубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме какви ќе бидат финалните резултати на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени и тогаш ќе може да се разговара во однос на формирање на влада. Јас знам како изгледа формирање на влада, треба да имате 61 пратеник минимум за да формирате влада“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања заедно со претседателот на Стопанската комора на северозапанда Македонија, Менду Ќура по разговорите во оваа комора.

На прашањето како ја оценува кампањата од аспект и на националистичката реторика, тој рече дека за жал има враќање во минати времиња, иако изборите се заради идниндата.

„Јас веќе ги имам осудено изјавите и на Ахмети во однос на несоодветното скандирање на плоштадот Македонија бидејќи тие се анахроно скандирања се враќаат 20 години наназад во едно закопано минато којшто сме го надминале со Охридскиот рамковен договор и потоа, благодарение на СДСМ, со членството во НАТО и со отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ дека националистичка реторика не води никаде“, рече Ковачевски и додаде дека таква реторика води во изолација и внатре во рамки на етнички заедници, но и изолација кон соседите како и од европските процеси.

„СДСМ останува единствената политичка опција која се бори за мултиетничко општество и за рамноправност на сите граѓани без разлика на нивната припадност по која било основа, како и за интеграција на државата во ЕУ“, нагласи лидерот на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ