„Ако ги погледнете извештаите за Република Северна Македонија, ќе видите дека имаме четири последователни позитивни извештаи. Доколку го погледнете усогласувањето на нашето законодавство со европското, како и усогласеноста по различните поглавја, многу јасно се забележува дека земји кои преговараат и по 10 години, имаат помала усогласеност од нашата држава“, рече Ковачевски.
Премиерот нагласи дека нема информација за коалициски совет на бугарската владина коалиција што вечерва се одржува во Софија и на кој, според најавите, главна тема ќе бидат односите со земјава, повторувајќи дека засега нема договор со Бугарија.
„Како што информиравме со бугарскиот премер Петков по состанокот во Рим, сè уште нема документ прифатлив за двете страни, кој може да биде основа за отпочнување на преговорите со ЕУ, односно на кревање на ветото од страна на Бугарија“, рече Ковачевски.