петок, 18 октомври 2024

Ковачевски на Ангелов му рекол дека нема потреба да дава оставка, Џафери денес е подготвен да го разреши

Стојанче Ангелов, претседателот на Достоинство во неделата најави дека неговата партија реши да ја напушти коалицијата со СДСМ и дека се приклучува на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ангелов најавил оставка и од директорското место на Центарот за управување со кризи, но од првите луѓе на СДСМ тоа не било прифатено. Техничкиот премиер Талат Џафери вчера најави дека нема друго освен тоа денеска да го разреши Ангелов од раководното место во ЦУК.

Објавено на

часот

Сподели

Ангелов деновиве изјави дека на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ и на претседателот партијата Димитар Ковачевски им предложил до претседателот на Владата да понуди оставка на позицијата директор на ЦУК. Но од нивна страна тоа не беше прифатено поради што останувам да го предводам ЦУК до формирањето на следната политичка влада, изјави Ангелов.

Техничкиот премиер Талат Џафери вчера најави дека денеска ќе разговара со директорот на Центарот за управување со кризи и лидер на партијата Достоинство Стојанче Ангелов откако тој во неделата најави дека излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ.

„Доколку јавно најавил дека не е зад владината програма, од формален аспект секако дека како премиер ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение, ќе донесам и соодветна одлука. Секако дека тоа што се вели на телевизија не е за започнување на постапка, но јас утре директно ќе комуницирам со директорот. Така што како ќе биде, сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг начин, а за тоа дека сме во изборен период тоа треба да го реши друг орган“, изјави Џафери.

Ангелов во неделата во изјава за медиумите рече дека поради неисполнети очекувања за надминување на проблемот со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, Достоинство ќе излезе од коалицијата. Иницијативите на Достоинство поднесени до Владата и Собранието, со кои, како што рече, нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од страна на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, според нив, поради противењето на ДУИ, истите не поминале. Ангелов информираше дека раководството на партијата донело одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ